Појадокот е клучен оброк кој дава енергија за остатокот од денот. Сепак, не е сеедно што прво внесуваме во телото.
Меѓу намирниците кои се сметаат за најштетни за консумирање на празен стомак, се сите печива направени со квасец. Според лекарите, таквата храна го иритира желудникот и предизвикува прекумерно производство на гасови. Исто така, шеќерот кој се наоѓа во пекарските производи го зголемува нивото на инсулин во крвта.
Нутриционистите сметаат дека кафето и сендвичите се најлоша опција за појадок. Тие велат дека негативно ќе делуваат и соковите од цитрус и овошјето на празен стомак бидејќи го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Имено, станува збор за храна која содржи киселина која ја иритира слузницата на желудникот, што може да доведе до гастритис, чир и други проблеми.
Дури и бананите се штетни за јадење на празен стомак. Тие го зголемуваат оптоварувањето на срцето и го нарушуваат балансот на калиум и магнезиум во организмот, па затоа е секогаш подобро да ги јадете после оброк.
Друга штетна храна со која не треба да го започнете денот се ферментираните млечни производи. И покрај содржината на бактерии важни за телото, тие не носат никаква корист. Како што објаснуваат експертите, „микроорганизмите едноставно умираат во хлороводородната киселина која се акумулирала преку ноќ во желудникот“, пишува вјести.ба.