Во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 гостува Владимир Богоевски, спортски директор на Македонскиот олимписки комитет, кој говори за учеството на македонските спортисти на меѓународни натпревари, но и за олимпијците без норма.
Како што кажа тој, Олимпискиот комитет на Македонија има своја автономија и независност, но и сите федерации во земјава ја уживаат ваквата привилегија.
- За појаснување на јавноста, ние не сме тие кои ги создаваат спортистите, туку тоа е работа на клубовите, кои работат во креирање на селекција и вложување на нивниот тим и стручен кадар. Во моментот кога дел од тие спортисти ќе постигнат високо – меѓународно ниво, тогаш Олимпискиот комитет на Македонија презема дел од тие спортисти под свои закрила и ја дава неопходната поддршка за настапи на европски и светски турнири, потенцира Богоевски.
Според него, вложувањето во спортот е неопходно, имајќи предвид дека само на тој начин можеме да инвестираме во најдобра можна промоција на сосптвената држава.
Целото интервју може да го проследите на линкот подолу: