Тимот на ЖФК Љуботен го доведе најголемото засилување во историјата на женскиот фудбал во Македонија – Колумбијката Ингрид Видал која пристигнува на позајмица од Америка Де Кали која е една од најдобрите три екипи во Колумбија, објави на својата официјална страница на Фејсбук фудбалскиот клуб,
33-годишната Колумбијка ќе биде најголемото кое досега заиграло во женскиот фудбал кај нас и се очекува да биде лидер во тимот на Љуботен. Покрај настапите во домашното првенство, Љуботен го чека и настап во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Ingrid во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан американски игри, како и клубските во Conmebol Libertadores Femina. Најдобар стрелец во колумбиското првенство, 54 репрезентативни настапи за Колумбија 11 голови, се само дел од биографијата на Ingrid! Со Ingrid нападот станува супер силен и вистинска опасност за сите не само во домашното првенство туку и во престојните настапи во лигата на шампионите! Ingrid Vidal неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое до сега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија! Сите ние се надеваме дека овие квалитети ќе ги прикаже на настапите за ЖФК Љуботен! Среќно“, пишува во објавата на Фејсбук.