Полицијата информира за насилство во Гостивар во кое било повредено и бебе.
Според полицискиот билтен на 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.