Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија – соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК информираа дека покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба било пронајдено а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово кое на носилки било пренесено преку реката Брегалница, а потоа качено во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје.