Многу од навиките и постапките на Меган Маркл продолжуваат да предизвикуваат жестока дебата меѓу нејзините обожаватели и мразители. Меѓу овие навики е љубовта на Меган Маркл за чевли кои се значително поголеми од нејзината вистинска големина на стапалото.
Нејзините тоалети се умерено елегантни и нималку досадни, а изборот на додатоци и е речиси совршен. Сè повеќе обожаватели на Меган Маркл се изненадени од еден чуден детал на повеќето фотографии на кои таа се појавува. Војвотката речиси секогаш се појавува во јавноста во чевли за еден (па и два) броја поголеми.
Овој трик Меган го користи долго време. Дури и на веридбата со принцот Хари, таа се појави во чевли кои не беа во нејзината големина.
Но, како војвотката и другите славни дами успеваат да се справат со непријатноста што неминовно се појавува при изборот на чевли за неколку броја поголеми? Трикот е да го наполните горниот дел од чевлите, особено оние со потпетици, со памучна вата. И отстранете го веднаш штом почувствувате дека ви треба малку повеќе простор во вашите сопствени чевли. Освен памучна вата, можете да користите и специјални силиконски налепници за чевли, кои се лепат на внатрешната површина на чевлите и спречуваат лизгање на стапалата, пишув лепотаиздравље.рс.