Момче од Косово пронашло паричник со 2.500 евра и го однело во полиција.
Косовските медиуми пишуваат за 12-годишник со иницијали Б.А., кој пронашол паричник со 2.500 евра и документи и ги предал во Полициската станица во Србица (Скендерај).
„Полицијата го идентификувала и верификувала лицето на кое му припаѓал паричникот и му го вратила паричникот со парите и документацијата“, се наведува во соопштението.
Регионалната управа на полицијата во Јужна Митровица им се заблагодарува на граѓаните за довербата и совесното постапување.