Францускиот пливач и четирикратен олимписки шампион од ЛОИ во Париз, Леон Маршан му се извини на кинескиот тренер, Жу Жиген.
Во петокот, на 2 август, по церемонијата на доделување на медалите на 200 метри мешано, Маршан не се ракуваше со Жиген.
Маршан подоцна двапати му се извини на кинескиот тим и лично му објасни на Жу Жиген дека жали што така постапил. Тој објаснил дека бил премногу фокусиран или возбуден и не ја забележал раката на кинескиот тренер.
Леон Маршан (22) победи на 200 метри мешано, а кинескиот пливач Шун Ванг освои бронза во оваа дисциплина. Маршан победи на 400 метри мешано, на 200 метри градно, на 200 метри пеперутка и на 200 метри мешано во Париз.
Французинот постави олимписки рекорди во сите трки на кои победи. Тој стана првиот спортист во историјата на Франција кој освоил четири златни медали на едни ОИ.