Организацискиот секретар на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Бетим Ѓоши реагира на социјалните мрежи во врска со инцидентот на скопскиот аеродром во кој главен актер беше косовската претседателка Вјоса Османи.
„Госпоѓо претседателке, што се случува? Што имаше во вашата торба? Инцидентот на скопскиот аеродром каде директно е вклучена претседателката на Косово, Вјоса Османи, е само продолжение на влошувањето на институционалниот живот на Република Косово.
Османи, која еден ден порано се јави како пејачка, денес стана токму како каубој од Тексас.
Претседателката треба итно да им го објасни на граѓаните на Република Косово овој инцидент и да им каже што имало во торбата што според македонските медиуми одбила да ја отвори?“, порачува Ѓоши.