Спортисти, вие водете сметка за акцијата на теренот, а за акцијата надвор од теренот се погрижија организаторите на ОИ, е една од пораките упатени до натпреварувачите, а се однесува на 300.000 кондоми кои биле поделени во Олимпиското село, пренесува Н1инфо.рс.
Во градот на љубовта, важно е да останете одговорни, среќни и здрави, стои на страницата на Инстаграм на спортист365, официјалната заедница на олимписки, параолимписки и елитни спортисти.
Гласините за случувањата во Олимпиското село неславно се вртеа со текот на годините, особено кога станува збор за интимност меѓу спортистите надвор од дома за време на Игрите.
Темата продолжи да се појавува на насловните страници за време на Олимпијадата во Токио во 2020 година поради „забраната за секс“ што беше донесена, делумно поради социјалното дистанцирање среде пандемијата „Ковид-19“.
Во пресрет на Летните игри во Париз во 2024 година, директорот на Олимпиското село на САД, Даниел Смит, потврди за списанието Пипл дека забраната е укината за спортистите кои се натпреваруваат во „градот на љубовта“ и дека организаторите преземаат соодветни – и креативни – мерки на претпазливост за да обезбедат безбедност на сите.
Смит вели дека е „точно“ дека во Олимпиското село биле поделени 300.000 кондоми. Плус, тој истакнува:
„Пакувањето е прилично спектакуларно!
Откако спортистите почнаа да се вселуваат во Олимпиското село, многу од нив споделија на социјалните мрежи како изгледаат подароците и пакетите што ги добија.
„Навистина необично пакување“, напиша канадската натпреварувачка Сара Даглас во видеото на ТикТок.
„На полето на љубовта играј фер и барај согласност“ и „Не мора да освоите златен медал за да го носите“, но и „Не дели повеќе од победата, заштити се од полно-преносливи болести“.
Додека кондомите се дистрибуираат во селото, Смит вели дека тие ги чуваат и во „зона само за спортисти каде што можат да ги земат по потреба“.
@sarahmdouglas You know what they say about the village 🤣
♬ Funny video "Carmen Prelude" Arranging weakness(836530) – yo suzuki(akisai)
Што се однесува до тоа дали спортистите можат да имаат односи со спортисти од други земји, Смит вели:
„Се обидуваме да го избегнеме тоа, да бидам искрен. Повеќе од безбедносни причини“.
Без оглед на тоа дали спортистите сакаат да бидат интимни или не, делегацијата на Олимпиското село на тимот на САД има различни правила и прописи за тоа на кого му е дозволен пристап до нивниот стан. Меѓу нив е и целосна тишина во периодот од 22 до 7 часот наутро.
Додека Смит забележува дека спортистите „можат да прават што сакаат“, тој вели дека едноставно „не може да трешти музика по 22 часот“.
За тимот на САД, конкретно, алкохолот е забранет во Олимпиското село.
„Тоа е „суво“ село за тимот на САД“, јасно рече Смит.