Претходно оваа недела, ТМЗ тврдеше дека Селин Дион ќе заработи околу 2 милиони евра за настап на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.
Организаторите сега демантираа се и тврдат дека Селин Дион не добила ниту едно евро.
„Спротивно на она што го пишуваат медиумите, изведувачите кои ќе настапат на свеченото отворање на Олимписките игри нема да бидат платени за нивните услуги.
Нивната одлука да настапат во вакви услови ја покажува нивната желба да бидат дел од овој историски настан за Франција, но и за целата спортска јавност.
Дополнително, Париз 2024 ќе ги покрие сите оние трошоци кои се од техничка природа“, се вели во соопштението на организаторите.