Во скопската полиција скопјанец вчера пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, а на која објавувале слики и видеа со експлицитна содржина.
Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата.
„Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа“, соопштуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.