Научниците тестирале ајкули во морето во близина на брегот на Бразил и откриле дека тие биле позитивни на кокаин. Истражувачите веќе долго укажуваат дека дрогата која криумчарите ја фрлаат во водата би можела да влијае на фауната.
Тони кокаин се пронајдени во водите околу Флорида, Јужна и Средна Америка.
Фондацијата „Освалдо Круз“ во Бразил пронашла докази дека ајкулите всушност се под дејство на дрога која го загадува океанот. Научниците сецирале 13 ајкули и сите тие биле позитивни на дрога, со концентрација дури сто пати повисока од она што претходно било пријавено. Во студијата сепак се додава дека ова поле на истражување е многу ограничено и дека дејството на кокаинот врз животот во водата не е целосно познат.