МВР информира дека утрово е пронајден мажот, кој вчера се удави во Дојранско Езеро.
-По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска (19.07.2024) околу 07.00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото. Имено, вчера во 10.10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил. Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.