Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше за спречена трагедија вчера во близина на Велес. Односно вистинска драма се одвивала вчера попладне во близина на фабриката Порцеланка, каде е спречена голема експлозија.
– Вчeра се одвиваше вистинска драма во близина на Велес. Во кругот на стара Порцеланка се наоѓаат цистерни со гас, а пожарот е изгаснат буквално стотина метри до нив. Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна Порцеланк, бидејќи огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин распореден во цистерните, вели Ангелов и додава:
-Ако не беше брзата интервенција на пожарникарите одбегната е голема експлозија. Благодарение ни на командирот на ТППЕ Велес, Димче Јованов, но и врботените. МВР работи за испитување на причините на пожарот. Леталата беа упатени, но пожарникарите и вработените го изгаснаа, рече Ангелов.