ЦУК информира дека во последново деноноќие имало рекорден број повици на 112 до сега, од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи во нашата држава.
– Имало вкупно 3 159 повици на за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 59,32%, а 40,68% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Тоа е рекорден број повици на 112 во ЦУК до сега, од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи во нашата држава Кон Полиција биле упатени 40,51%, кон Итната медицинска помош 17,61%, a кон пожарникарите 15,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 431 повик за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (26,67%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (42,57%). Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, информираат од ЦУК.