Полицијата информира дека денеска во 4.30 часот 40-годишна жена пријавила дека околу 00.00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.
На 30.06.2024 во семејната куќа во гостиварско село, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ телесни повреди.
МВР исто така денеска наведува дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Ф.Н.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.
На 14.06.2024 пред маркет, пријавениот физички ги нападнал неговата поранешна вонбрачна партнерка и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди.