Откако Вестон Кејџ, синот на актерите Николас Кејџ и Кристина Фултон, ја нападна својата мајка, се огласи и самата Кристина.
„На 28 април 2024 година, околу 17:30 часот, добив порака од пријателот на мојот син, Вестон Кејџ, во врска со неговата влошена ментална состојба, ме повикуваше да дојдам на помош. Кога дојдов да понудам поддршка и утеха, тој веќе беше среде нервен слом за неколку минути бев брутално нападната и се здобив со посериозни повреди“, изјавила Кристин, пренесува јутарњи.хр.
„И покрај моите очајнички молби до полицајците да го приведат на проценка на менталното здравје, полицајците го одбија моето барање. Како мајка, длабоко сум тажна и загрижена поради тековната ментална здравствена криза на Вестон. Очајно му е потребна помош“, додала таа.
Полицијата го потврди апсењето на Вестон за напад со смртоносно оружје, само неколку недели откако неговата мајка беше забележана со големи модринки на лицето. За време на инцидентот Кејџ неколку пати ги удрил двете жртви нанесувајќи им повреди“, извести полицијата. Вестон на крајот беше ослободен со кауција од 150.000 долари, за која се веруваше дека ја испратил неговиот татко, пренесува Дејли Мејл.
Изворите велат дека актерката ги негирала тврдењата дека таа и Вестон се скарале, а полицијата известила дека Вестон не бил на местото на настанот кога пристигнала полицијата. Пристигнала брза помош, но Кристин одбила да оди во болница. Како што пренесува Дејли Мејл, Вестон во минатото се лекувал поради проблеми со менталното здравје, а веќе се соочил со обвиненија за семејно насилство во 2011 година, откако се скарал со кантавторката и поранешна сопруга Ники Вилијамс.
Потоа бил хоспитализиран на психијатриско лекување, а Кристин го обвини нејзиниот поранешен партнер Николас за неговите ментални нарушувања.
„Николас Кејџ го оштети, се мешаше и направи нешто апсолутно ужасно, само треба да одам да го земам мојот син. Јас сум таа што го одгледа. Јас сум таа што се грижеше за него бидејќи неговиот татко беше многу зафатен со работа како актер “, изјави тогаш актерката.
Кристин и Николас ја започнаа својата романса во 1988 година, а две години подоцна го добија Вестон. Тие никогаш не биле во брак, а се разделиле една година по раѓањето на нивниот син.