-Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна помош, вака ја започна својата објава на „Грчкa инфо“, Србинката Александра и за многу кратко време собра голема број на прегледи, пренесува курир.рс.
Како што пишува Александра, додека патувала за Грција на одмор со семејството, наеднаш во Македонија и се слошило и се онесвестила покрај патот.
-За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.
Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.
-Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.
Под нејзината објава продолжуваат да се редат позитивни коментари, што воопшто не е изненадувачки со оглед на фактот дека ваквите гестови ја враќаат вербата во подобро утре и подобри луѓе.