За средбата на македонскиот премиер Христијан Мискоски со бугарскиот колега, Димитар Главчев во Вашингтон јавуваат бугарските медиуми.
-Бевме на исто мислење дека треба да се намали тензијата во зборувањето, ја пренесуваат медиумите изјавата на Главчев. Бугарскиот премиер, рекол дека односите меѓу двете земји треба да се нормализираат и да се вратат во текот на 2017 година кога беше потпишан договорот за добрососедство.
„Премиерот Димитар Главчев беше дециден дека мора да се почитуваат барањата за членство во ЕУ. Нашиот став е паневропски – земјите кандидати за членство во Европската унија мора да ги почитуваат барањата што важат за сите, додаде тој, објавуваат бугарските медиуми.
Оваа информација е пренесена како дел од извештајот за активностите на бугарскиот премиер на Самитот на НАТО.
Кај нас прво СДСМ праша зошто Мицкоски крие дека се сретнал со Главчев, за потоа македонскиот премиер да објави за средбата на Фејсбук.
Мицкоски објави дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.
– Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски.
фото:МИА