Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во САД се сретнал со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот.
На средбата присуствувале и министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и за одбрана Владо Мисајловски.
„Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката“, стои во објавата на македонскиот премиер.
Гренел е искусен дипломат, кој бил и вршител на должноста директор на националното разузнавање во Кабинетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2020 година. Член е на Републиканската партија. Гренел беше амбасадор на САД во Германија од 2018 до 2020 година и како специјален претседателски пратеник за мировните преговори на Србија и Косово од 2019 до 2021 година.