Не поминаа ниту два месеци кога популарниот пејач и миленик на публиката, Ѓоко Јовиќ ја промовираше песната “Незаборавна”, тој денеска на социјалните мрежи објави уште еден нов музички проект.
Станува збор за нова песна со наслов “Магија”, која исто како и претходната и многу други негови песни, како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски. Очигледно тимот кој победува, не се менува, па токму поради тоа Јовиќ целата доверба ја довери на познатиот братско-сестрински тандем.
“Мислам дека заедно со Лазар и Магдалена избравме одлична песна. Но, пред да решиме да ја објавиме, “амин” барав и од моите деца, поточно ќерката Теодора и синот Михаил, бидејќи тие двајца се сега моите најголеми критичари” – низ шега вели Ѓоко.
Инаку како и за останатите, така и за оваа песна Ѓоко со својот тим од соработници сними уште еден видеоспот. Поточно дел од кадрите се снимени во Австралија, а пак дел во нашата Македонија…. Но, веќе се кројат плановите и за следната негова песна која исто така ќе биде промовирана за многу брзо време. Со други зборови, многубројната публика на Јовиќ летово ќе ужива и ќе се изнаслуша многу негова нова музика…