Викторија и Дејвид Бекам објавија фотографија на Инстаграм со која потсетија дека одбележуваат 25 години од денот кога стапиле во брак.
Всушност, преку објавената фотографија, нивните фанови можеа да ја видат нивната виолетова свадбена облека што ја носеле пред многу години.
И Викторија и Дејвид во своите виолетови тоалети седат на златен трон.
„Погледнете што најдовме“, гласи описот на објавата која има речиси милион лајкови на Инстаграм.
Дејвид претходно се пошегува на сметка на модната комбинација на „Desert Island Discs“ на Радио 4 во 2017 година
„Имав дури и виолетова капа, што мислев? Изгледав како момците од „Глуп и поглуп“( „Dumb and Dumber“).
Објавата на Бекамови на Инстаграм може да ја погледнете на следниов ЛИНК.