Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово.
Со тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.