Примопредавање на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување беше извршено денеска, информираат од ФЗОРСМ.
Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д. директор, ја предале должноста на новите в.д директори – Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.
– Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот, се наведува во соопштението.
Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.