Милован Диниќ (51) од српското село Бован е тешко повреден кога среде ноќ го каснала свиња тешка околу 200 килограми за гениталиите додека се обидувал да му помогне на прасенце од нејзиното легло.
Диниќ завршил на операционата маса каде лекарите морале да му извадат еден тестис.
Диниќ вели дека оваа свиња претходно била малку агресивна, но вакво нешто не очекувал.
-Ова сега и е трето легло. Сакав да фатам едно прасе и да му истурам јод бидејќи имаше повреда на грбот. Во едната рака држев шише јод, во другата затворачот. Истурив јод во капачето, но тоа не стоеше, замина во друг агол. И како застана, реков, ајде да го фатам малку за глава, да не побегне. И брзо му истурив капаче со јод. Меѓутоа, кога му ја фатив главата, тоа почна да квичи. И свињата одеднаш почна да оди накајмене. Јас се потпрев на ѕидот. Но, таа ме фати за гениталиите – раскажал Милован за „Блиц“.
Тој вели дека свињата го каснала за стомакот и дека му е отечен едниот тестис, поради што морал да биде опериран.
-Многу крварев, но сам го возев автомобилот. Ставив газа и завој и дојдов во Алексинац во болница. Лекарот рече дека мора да се отстрани. Малку ми ја расцепи кожата на стомакот, кога ме влечеше кожата се расцепи и ми го нагмечи тестисот, помодре одоздола и почна инфекцијата, поради што мораше да се отстрани, за да не добијм сепса – вели Милован. .
Диниќ вели дека безброј пати влегувал кај свињите и дека не очекувал дека може да се случи вакво нешто.
-Порано беше малку агресивна, но не вака. Тој ден ја дезинфицирав кај нив поради шуга ја испрскав и можеби малку ја налутив. И уште повеќе беше вознемирувачки кога прасето квичеше. Ќе морам да ја продадам после ова, кога ќе пораснат прасињата. Кога ме касна, ја удрив со рака, имав јод во рацете, па ѝ го истурив во очите бидејќи ништо друго не можев да направам – изјави Диниќ.