На вчерашниот натпревар Португалија- Словенија, во рамките на Еуро 2024, сите ловорики ги понесоа словенечките играчи иако на пенали загубија од Португалија.
Пожртвуваноста на Словенците, но и словенечките навувачи го расплакаа Роналдо, кој промаши и пенал.
Тие беа веднаш зад голот на Јан Облак и цело време го провоцирале! Извикувале „Меси, Меси“, покажувале дрес со број 10, но, како што информираат спортските медиуми ова често се случува на натпреварите кои ги игра Роналдо, токму поради големото ривалство на Кристијано со Лионел Меси.
Погледнете ја реакцијата на Роналдо, кој по завршување на натпреварот им се извинуваше на португалските навивачи:
01.07.2024, EURO 2024
Portugal🇵🇹 – Slovenia🇸🇮, Slovenia 🇸🇮 fans chanting Messi Messi each time C. Ronaldo misses a chance or shot
More here: https://t.co/LxVjGLG6tX pic.twitter.com/aLXoTiRj8T
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) July 1, 2024
👀 Esa camiseta de un aficionado de Eslovenia #EURO2024 pic.twitter.com/vO8dGUKxpK
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) July 1, 2024
По завршување на натпреварот Роналдо изјавил:
-Фудбалот носи нераскажани моменти. Можев да му дадам предност на мојот тим, но не успеав. На почетокот има тага, а потоа има радост. Една година немав промашено пенал, а кога најмногу ми требаше, Облак ми одбрани. Жал ми беше за навивачите. Најважно е што продолживме понатаму, рече Роналдо.