Оливија Кулпо сега е позната актерка , а во 2012 година таа ја освои титулата Мис Универзум и важи за една од најубавите жени во светот.
Оваа убавица се најде на насловните страници во светските магазини затоа што реши да стапне на лудиот камен – Оливија се омажи за американскиот фудбалер Кристијан мек Кафри.
Тие беа во врска околу пет години.
Свадбата се одржа во родната држава на 32-годишната Оливија, Род Ајленд, која таа ја претставуваше на изборот за Мис на САД.
Оливија избра венчаница на Долче и Габана со тркалезно деколте, долги ракави и копче што се прицврстува на задната страна. Носеше и традиционален вел, украсен со тантела, долг речиси пет метри. Младиот фудбалер носеше во класичен црн костум.