Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.
-Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, информираат од МНР.
Ова повикување на амбасадорот е во врска со резултатите од пописот во Албанија. МНР најави дека со него планира да ги прецизира недостатоците и недоследностите во пописниот процес, како и разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.