На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината – изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Како што рече, изборот е работа на СДСМ и членството и дека ќе ја почитуваат нивната одлука затоа што „не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на другите политички партии“.
-Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме да им правиме на другите тоа што не сакаме другите нам да ни го прават. И во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш кога станува збор за интересите на Македонија и на македонските граѓани, подавам рака. Така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нам не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии, рече Мицкоски одговарајќи на новнарски прашања по поставувањето камен-темелник за нова градинка во општината Бутел.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)