„Има 6 пресуди, не се 14. 14 се случаите со кои се прават обидите да се регистрира ОМО Илинден – и да расчистиме, пресудите не се никваква форма на признавање и непризнавање на малцинство. Второ – Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) е јасен и дециден – се работи за право на здружување, ништо повеќе. Не се зборува за признавање на нација или малцинство“ – ова е ставот на универзитетскиот професор Иван Динев Иванов искажан во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Динев Иванов открива дека во Бугарија има неколку такви здруженија, вклучително и Здружението на Антички Македонци, кои се со седиште во градот Гоце Делчев, а имаат клубови и во Сандански и Благоевград. Ова здружение го користи симболот на Сонцето од Вергина.
-Во Македонија не можете да регистрирате такво здружение на Антички Македонци, поради договорот со Грција, а во Бугарија може. Тоа е нивно право, секој има право да се интерперитра. Има уште неколку здруженија на Македонците – Здружение на репресирани жртви од комунизмот и имаше уште некое за човекови права. За ОМО Илинден има проблем со судот во Бугарија, кој го користи образложението „закана за националната безбедност“ и не го регистрира како здружение, а судот во Стразбур користејќи го случајот за Радко – каде кажа дека не може да се формира таков здружение поради национална безбедности, истото е и во Бугарија за ОМО Илинден, кој користи такви елементи, изјави Динев Иванов.
Како што објаснува, лани бугарскиот суд не дозволи да се регистира здружението ОМО Илинден, но образложението беше поинакво. Образложеноето е дека не може да се регистрира бидејќи ОМО Илинден во својот Статут користи термин јавен сервис, да штити јавно – правни интереси и приватно – правни интереси.
-Кога формирате здружение во Бугарија, вие можете да штитите само приватно – правни интереси и судот кажа дека кога ќе се тргне тоа јавно – правни интереси, јасно е дека нема да има пречки. Тоа засега е пречка. Но, се создаде впечаток од македонска страна не се сака да се регистрира тоа здружение. Меѓутоа, тоа што е вознемирувачко за бугарската страна е што ОМО станува дел од Европската слободна алијанса, кои се политички формации, формации се сепаратистички по пример на Фландрија, Истра и Каталинија. Тоа доаѓа во време кога во Бугарија се создава клима дека има проблем со Статутот на ОМО Илинден. И во тој момент здружението станува дел од оваа алијанса и започнува со кампања, која прашање е дали во одреден момент нема да заврши со барање на отцепување на Пиринска Македонија. Дали ОМО Илинден нема да бара такво нешто по пример на Каталонија. Поради тоа сосема е разбирливо што одредени луѓе стануваат нервозни, вели Динев Иванов.
Универзитетскиот професор смета дека судот во Македонија ќе одлучи дали може клуб да се регистрира со име Иван Михајлов и Цар Борис, и кога судот ќе одлучи, ќе може да се оди понатаму пред Судот во Стразбур. Но, нема право да се оптоваруваат билатерални односи меѓу двете држави со прашања што се решаваат институционално – и со ОМО Илинден и со бугарските клубови.
Тој вели дека нема податоци дека се фингирани податоците од Пописите – да, има 120.000 кои се пишале како Бугари и тоа е нивното право. Во Европа со сите тие слободи кои ги имаме, како што вели Динев Иванов, овие разговори не држат вода.
В.К.