Универзитетскиот професор од Синисинати, САД Иван Динев Иванов е Бугарин по потекло со македонски корени. Во гостувањето во емисијата Стадон, Динев Иванов рече дека Македонско – бугаркото прашање во споредба со проблемите во Блискиот Исток, Палестина или Украина се минорно и суперминорно. Не може ни да се спореди со Руско- украинскиот конфликт, како што вели Динев Иванов „Бугарија на никаков начин не го прави тоа што Русија и го прави на Украина“.
-Тоа е едниот елемент – тоа е минорен проблем ако го спротистави на проблемите со Блискиот Исток, Газа или Украина…и ако ЕУ не ни помогне тоа да го решиме, прашањето е дали има некаков трансморфативен капацитет. Тие спорови во глобалната политика се минорни, суперминорни и можат брзо да се наминат да се скрши мразот меѓу двата народи, со што ќе добијат и маконскиот и бугарскиот народ, рече Динев Иванов.
Универзитетскиот професор станува член на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија потсетува дека сите прашања на крај ќе завршат во бугарскиот Парламент, кој треба на крај да го одобри и пристапување на Македонија кон ЕУ.
Мит е вели Динев Иванов, дека ЕУ не била фер кон Македонија.
-Треба да има решеност за трансформација на општеството, да го прави на европски, фер начин, а не само да симулира, а ЕУ да го следи тој процес. Мислам дека е мит дека ЕУ не била фер кон Македонија и создаваат огромен евроскептицизам, Иако дури ЕУ не е фер, 62 отсо од Макеоднците кажале дека сакаат во ЕУ, дури и неодлученените ако разберат како фунцкионира ЕУ, ќе сакаат. Жртва – тоа не поминува – тоа е финта за манипулирање на макеоднската јавност. Не, ЕУ поставува усови и тие се поставуваат во едни европски шуини и тие кога ќе се исполнат, Македонија ќе биде друга земја, рече Динев Иванов во „Стадион“.
Тој смета дека Бугарија последните две години е „тивка“ и политичарите не го наметнуваат проблемот со Македонија, односно не се зборува, додека кај нас, во македонското општество се создаваат митови, провокации, што е длабок манипулација, смета Динев Иванов.
В.К.