„Дали е политички прифатливо, иако не е законски забрането, министер да крие државјанство на друга или трета држава, вклучувајќи сосед со кој и земјава и партијата чиј кадар е, не се во најдобри односи“ – прашува 360 степени, изнесувајќи податок дека министерката за енергетика, Сања Божиновска има бугарско државјанство. Овој податок, министерката не го навела во својата биографија, што по објавувањето на текстот, Божиновска во изјава за телевизија објаснува дека покренала постапка за отпуст од бугарското државјанство и е во завршна фаза.
Во оваа изјава Божиновска не кажува дали добила и решение за отпуст од бугарското државјанство, без што таа и понатаму е државјанка на Република Бугарија.
Дополнително, Божиновска за Канал 5 вели дека таа секогаш се декларирала за Македонка, но фактите велат дека за да се добие бугарско државјанство, кандидатот мора да потпише изјава со која потврдува дека се чувствува како Бугарин, пишува 360 степени. Бугарското државјанство ѝ било потребно поради отворањето на фирма во Хрватска.
Во својата биографија, новата министерка за енергетика напишала дека покрај македонското државјанство, има и чешки пасош.
Повеќе на линкот.