Некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите “Студени Нозе” Ивица Стојановски – ФИЦ заедно со својот бенд под новото уметничко име “Фиц енд Д’инвизиблс” последниве две-три години сериозно и максимално професионално се посвети на неговиот кам-бек на македонската музичка сцена.
Покрај изведбата во живо на старите добро познати рефрени “Моето куче”, “50-сет Марки”, “Педигре”, “Опинок”, “Ти си проблем” и други тој заедно поддржан од наши добро познати музички имиња во позадина ги сними новите три сингла “Е мој Фиц”, “Марија” и третиот веќе пуштен во етер “Младост – Лудост”.
За песната “Младост-Лудост” како комплетен автор и текстописец се потпишува неговиот тапанар Сашо Стојановски додека аранжманот за истата е на Давор Јордановски (исто член на бендот) кој е и клавијатурист, аранжер и продуцент. Песната е снимена е во студиото Тра ла-ла на Мите Димовски, а за неа е снимен интересен видео запис кој веќе е пуштен на неговиот Јутуб канал FIC and D’INVISIBLES.
“Младост – Лудост” е како што кажува и самиот Фиц еден летен брз фанки хит поразличен од се друго што досега отпеал но сепак сличен на рефрените од порано. Препорачува да се погледне спотот да се слушне песната на раат и да се ужива во убавиот ритам.
Како што се вели во песната, животот си минува, а само среќа и здравје полна вреќа … ете баш тоа ни останува !!!