Двајца директори од ДУИ и еден од ГРОМ на Стевчо Јакимовски се разрешени од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и се поставени нови, од кои двајца беа на изборните листи на партијата на Арсовска, Демократска алтернатива на последните Парламентарни избори.
Сефи Шабани и Ќамил Ковачи од ДУИ се разрешени од директорските места во „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, додека Крсте Петревски од ГРОМ од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Веднаш се назначени нови директори. Во ЈСП нов директор е Драги Кушовски, во „Паркови и зеленило“ Мартин Ангеловски, додека во „Улици и улички“ Ванчо Умленски.
Од Град Скопје велат дека именуваните директори доаѓаат од приватниот сектор и дека се професионалци во областа.
В.К.