Колку порази може да се земе за една ноќ? Еден чешки ММА борец мислел дека е добра идеја да ја запроси својата партнерка во рингот откако го загубил мечот.
Поточно, Чехот Лукас Боковац ја запроси својата девојка пред 20.000 фанови по поразот. Во обид да спаси малку слава од ноќта, незгодниот момент дојде веднаш откако Чехот го загуби натпреварот од турнирот Clash of the Stars во Чешка, пренесува прототема.гр.
На видеото, снимено минатиот викенд, се гледа како „Букис“ се спушта на едното колено и вади прстен, додека неговата девојка стои пред него.
MMA fighter proposed to his girlfriend after a loss and got rejected in front of 20,000 fans 😅 pic.twitter.com/KcsFuCdJ7Y
— Happy Punch (@HappyPunch) June 23, 2024
По неколку минути таа зборува на микрофон и го отфрла предлогот на Буковац, додека публиката избувнува во мешавина од овации и свирежи.
„После се што се случи меѓу нас, мислам дека тоа не е добра идеја“, рече тој, според преведувачите, додавајќи: „Велам не“.
Младата жена тврдела и дека Буковац ја изневерувал и пред насобраните го спомнала името на другата жена.
Борачот гледа надолу, уништен, додека едно лице надвор од кафезот се обидува да ја полие младата жена со вода.