Двајца Грци нападнале полицајци на Табановце, по што полицијата ги привела.
-На 25.06.2024 во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Р.Грција поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка, информираат од МВР