Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
– На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари, стои во соопштението од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)