Тамајо Пери, актер во филмот „Пиратите од Карибите“ во кој главната улога му беше доверена на Џони Деп почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи, јавува Би-Би-Си.
49-годишниот актер почина во неделата попладне, потврди Хонолулу ЕМС на прес-конференција.
Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13:00 часот по локално време.
Но, Пери, кој исто така бил спасител на плажа, бил прогласен за мртов од болничарите откако бил донесен на брегот.
Пери глумеше во „Пиратите од Карибите“ во четвртиот филм од франшизата.