Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.
МВР, како што објавивме претходно, потврдија дека имаат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.
ТВ Сител објави дека Самка Ибраимовски, лидер на политичка партија потврди дека на фејсбук пишувал против судијата на уставниот суд Ана Павлова Данева која била известител за преставката да се укине законот со кој застарува извршување на наплата на долгови.
Ибраимовски поврди дека тој како лидер на партија во интерес на членови кои се сиромашни и мака мачеле со извршители не смета дека тоа што тој пишува на Фејсбук е закана за нечиј живот и дека е тоа негово право на слобода на говор.
Ибраимовски потврди дека е повикан во полициска станица за закани изнесени против уставен судија.