Премиерот Христијан Мицкоски откако ја презеде функцијата веднаш се упати во Штип, за да изврши увод во состојбата на изградбата на Клиничкиот центар.
Во изјава за медиумите тој беше прашан и зошто цел ден се шета со портокалова вратоврска и дали тоа значи дека треба да се потсетиме на едно минато време.
На тоа Мицкоски одговори:
-Не знам вас на што ве потсетува, но мене портокаловата ме потсетува на свеќичките и на последниот роденден на мојот син. И тоа е убаво, убава меморија. Кога може на такво нешто убаво да се потсетувате. Портокаловата е една од моите омилени бои. Оваа вратоврска ми ја подари еден мој пријател и спонтано утрово ја облеков без никаква порака. Но, очекувам убави денови и таа е мојата порака, рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски доцна вчера вечерта доби поддршка од Парламентот за нов премиер со 77 гласови. Но, во Собрание вчера носеше сива вратоврска, кога ја даваше заклетвата.