Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ се пофали со најновите брзи возови, кои неодамна ги доби Србија и кои имаат 250 седишта, а ќе се движат со брзина од 200 километри на час.
Тој рече дека ова се најмодерните возови во Европа и се единствени, се движат по пругата и кога нема струја.
@sicve011 #fyp #srbija #brzivoz #budimpesta #beograd #brzapruga #vesic #goranvesic #fypsrbija #brzapruga #vozovi #novivoz #saobracaj #sicve011 #putovanja ♬ original sound – Goran Vesić
– Има литиумски батерии и ако снема струја може да вози 10 километри со брзина од 30 км/ч – вели Весиќ во видеото кое го објави на платформата Тик-Ток.
Весиќ посочува дека со новиот Сокол ќе стигнеме до Будимпешта за помалку од 3 часа, Ниш за 100 минути, Скопје за помалку од 2 часа, а еден ден дури и до Солун.