МВР потврди дека смртта на поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов е несреќен случај.
-На 22.06.2024 во 18.13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на планината Осогово, М.А.(61) од Кочани, додека работел на кровот од својата викенд куќа, паднал и починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кочани била констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани, информира МВР.