Европската куќа на Фудбалот ја соопшти казната за репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку, пренесува спортски.мк.
Албанскиот репрезентативец е суспендиран на два натпревари и нема да игра против Шпанија утре и во осминафиналето ако Албанија се пласира.
Даку со пцовките и кон Македонците во тој натпревар предизвика бурни реакции, а и неговиот клуб Рубин Казан најави дека ќе го казни по враќањето во клубот.