Луѓето некогаш се наоѓаат во состојба кога едноставно не можат да направат нешто, па ги одложуваат своите обврски и планови. Недостатокот на мотивација често се смета за главна причина за таа „мрзеливост“, но се чини, тоа не е точно. Ако некогаш некој се нашол во нешто што изгледа како бесконечно одолговлекување, вина и хаос, веројатно следело прашањето – зошто се случува ова?
Според клиничкиот психолог Џени Јип од Лос Анџелес, САД, мрзеливоста обично не е причина за одложувањата. Таа ја објаснува мрзеливоста како апсолутно избегнување на какви било обврски, до таа мера што некој не сака ни да помисли на тоа, додека одолговлекувањето е нешто што го мачи човекот и го тера да размислува.
– Одложувањето може да има последици, како што е заостанување на работа или неостварување лични цели. Има и емоционални влијанија. Тие се поврзани со депресија, стрес, анксиозност, лош сон, несоодветна физичка активност, осаменост и економски тешкотии, појасни психологот.
Затоа, вели таа, важно е да се открие зошто се одолговлекува и да научите како да се борите против тоа, бидејќи само така можже да го промените Вашето однесување. Промената не е лесна. Исто како и работата на анксиозноста или други проблеми со психичкото здравје, справувањето со одложувањето може да биде тешко, особено ако доаѓа од длабоко вкоренети прашања и проблеми.