Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.
-Ивлечен е повреден холандски турист од околината на с.Елшани, кој имал скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираат од ЦУК.
Од ЦУК потсетуваат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации и додаваат дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.