Во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ денеска во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од скопско Арачиново.
Toj бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.