МВР информира дека на 12 јуни во 12 часот во СВР Тетово, 28-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.
Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10 и 11.06.2024 ги уплатил парите.
Како што е пријавено, пред да го пријави настанот се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.