Во 12.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека во атар на с.Лаки, виничко, при транспорт на дрва со трактор, С.Ѓ.(71) од Виница се превртел со тракторот и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.
На 11.06.2024 во 14.28 часот во Полициската канцеларија Пехчево, од Итна медицинска помош Пехчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.Џ.(67) од Пехчево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни активности на тераса од куќа во Пехчево.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на ОВР Берово и трудов инспектор.