Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина.
-Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина, информира Беџети со објава на својот Фејсбук профил.
По повод почетокот на ангажманот на Иљас Весели за заменик градоначалник, посочува во објавата Беџети, имав чест заедно со претседателот на Советот Муса Алили да разговараме за настанатата состојба, како и за непреченото одвивање на работните процеси, врз основа на законските надлежности